МТСП: Продолженото породилно отсуство трае се до завршување на времените мерки за коронавирусот

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека на работничките кои се на продолжено породилно отсуство, платеното отсуство им трае се додека траат времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот.

За да се обезбеди заштита и грижа за децата, посочуваат од Министерството, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работни односи за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ" БР.90/20), со која отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус.

Одлуката за времетраење и завршување на времените мерки ја носи Владата на Република Северна Македонија, по препорака на Комисијата за заразни болести. Надоместот за породилното отсуство се регулира преку Фондот за здравствено осигурување, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе