Во текот на вчерашниот ден беа објавени фотографии на кои се гледа дека во една болничка соба пациенти примаат инфузија кревет до кревет со починати пациенти.
Веднаш по нивното објавување директорката на болницата, Билјана Гагачовска изјави дека не станува збор за ковид пациенти туку за лица што починале во тријажниот оддел.
Таа награси дека законска обврска на секоја здравствена институција е пациентот кога ќе почине два часа да остане во институцијата, а дека фотографиите се снимени во тој меѓупериод, кога се информирале семејствата, кога се повикувало погребно претпријатие и кога се организирало пренесувањето на починатите во болничката мртовечница.