Војската во поддршка на државното здравство

Можно е повторно да се постави армиската полска болница

Армиската полска болница, која на почетокот на корона кризата беше поставена во кругот на Клиничкиот центар, би можела повторно да се постави и тоа во рок од два дена, изјави министерката Радмила Шекеринска и рече дека за ова прашање се разговара со министерот Венко Филипче.

„Се надевам дека нема да биде неопходно да се поставуви полската болница, но е добро што тоа е опција плус. За ова прашање веќе разговаравме со министерот за здравство Венко Филипче дека армиската полска болница стои на располагање и оти е изводливо да се лоцира и на други места во државата. На просторот пак, што го користевме за мобилната болница сега се наоѓа монтажната болница која е со подобар капацитет, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на новинарско прашање.

Таа рече дека дел од воено-медицинските ресурси се користат како поддршка на државните здравствените институции и дека поддршката може и да се засили

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе