Можно е олабавување на мерките, интересот за вакцинација е мал

На плоштадот во Куманово денеска продолжуваат активностите од караванот за промоција на вакцинацијата против ковид, во организација на Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.

Во меѓувреме, се чека Владата да одлучи за олабавување на мерките. На редовната седница во вторник се очекува да биде донесена и одлука во однос на препораката за неносење маски за учениците.

„Секоја препорака од Комисијата е добредојдена. Ако тие имаат проценето дека маските за децата во основно не се потребни јас ја прифаќам таа препорака. Секој вторник има седница на Влада. Ако е донесена, ќе треба да се почитува. Ја немам моментално таа информација“, изјави Шаќири.

Инаку, од ресорното Министерство остануваат на ставот дека вакцинацијата е единствениот излез од пандемијата. Сепак, во Здравствениот дом во Липково се намалува интересот за вакцинација против КОВИД-19 и тоа за прва и втора доза, додека за трета доза, има интерес помеѓу повозрасните граѓани.
Најголем процент на дневно вакцинирани лица во Липково се токму граѓаните над 60 години.

„Вакцинацијата тече непречено, но во последно време, намален е интересот. Најмногу интерес има кај постарите лица. Прва доза примаат само оние граѓани кои планираат патување“, изјави вчера координаторот на вакциналниот пункт, Хамид Фетау.

Карванот на Министерството за здравство денеска е во Куманово, додека утре е во Липково, на паркинг во село Матејче.

Инаку, вчера беа регистрирани нови 232 случаја на ковид-19, од направени 2.787 тестови. Починале тројца, а оздравен е 221 пациент, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во однос на состојбата со ковид-19 во Балканот, Грција се стреми, како што се приближува летниот период, така постепено да ги укинува рестриктивните мерки наметнати од пандемијата, а до Велигден, според најавите од Министерот за здравство, се очекува да се олабават низа рестрикции.

Министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис во изминатите денови потенцираше дека намерата е чекор по чекор деескалација на мерките, а Владата има изготвено целокупен план што ѝ беше презентиран на надлежната комисија на епидемиолози, која излегува со препораки, по што и се носат политичките одлуки.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе