Министерот со најави за нови засилени контроли

Можно е да се донесе мерка за носење маски за сите на отворено, вели Филипче

Засилени контроли од страна на сите инспекторати за почитување на мерките, како и нови мерки за заштита, најави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, на која презентираше анализа за бројот на заболени од ковид-19 кој е во пораст. 

„Според анализите се заклучува дека главната причина на зголемување на новозаразените се должи на непочитување на мерките, пред се групирање, семејни прослави, свадби кои се забранети, но и генерално опуштање на граѓаните, кои очигледно заброваија на почитување на мерките и последиците од нивното непочитување. Зад нас е летото и стабилниот период, ризиокот што го носи есента е сериозен“, рече Филипче.

Тој додаде дека нема да се дозволи да не се почитуваат мерките и да се изложуваат на ризик останатите.

„Коронавирусот може да биде фатален за секој од нас. Заради ова почнавме, а уште повеќе од следните денови ќе ги засилиме контролите. Сите инспекторати задолжени за спровеудвање на мерките интензивно ќе работат“, потецира министерот.

Тој оцени дека апсослутно е недозволиво покрај сите најави за сериозноста што го носи овој период да не се почитиваат мерките, недозволиво е и во бизнисот, а особено во угостителсството.

Филипче најави дека во тек се анализи за воведување нови мерки, а целта е како што рече навремено да се воведат мерки што директно ќе влијаат на сузбивање на ширење на вирусот, а целта е да се избегнат рестрикции и закочување на економијата и нешто што би не затовриле во домовите, но, потенцира дека доколку е нужно и тоа ќе се направи.

Министерот наведе дека меѓу мерките што се разгледува носење маски и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителските објекти, ограничување на бојот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни прослави и прослави на затворено, прецизен протокол за работа на угостителски објекти на затворено, во односна бројот на посетители, дистанца на седење и евентуално намалување на капацитетот на објектите. 

Филипче порача да се почитуваат мерките за да не ги преполниме болниците. 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе