МОН за хакерскиот напад: Нема место за загриженост, немаме заднинска база на податоци

Министерството за образование и наука во одговор за МКД.мк истакнува дека хакерскиот напад врз интернет страницата на МОН не нанесол никаква штета бидејќи на веб страната не постојат заднински бази на податоци, односно таа има само информативен карактер. Случајот е пријавен.

По информацијата дека е извршен хакерски напад врз интернет страницата на Министерството за образование и наука,за што потпис оставила наводно хакерска груоа од Грција, побаравме објаснување од МОН и информација каква штета е предизвикана.

Во одговорот за МКД.мк се вели:

„МОН е во комуникација со Националниот ЦИРТ центар за компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации каде што е пријавен случајот и од каде очекуваме со поддршка на МВР да се преземат конкретни активности за пронаоѓање на локацијата и изворот на нападите. Во меѓувреме ИТ службата на МОН со поддршка од надворешни соработници презема дејствија за зајакнување на безбедноста на веб страницата, по што повторно ќе биде активирана. Нема потреба од грижи за наводно преземање на некакви бази на податоци на граѓаните, затоа што на веб страната не постојат такви позадински бази и истата има информативен карактер“.

Инаку, по нападот извршен синоќа, од утрово интернет страницата на МОН е недостапна, односно исклучена од мрежата.

Хакирано од грчкиот хакерски тим ,,Netwatchers", е потписот што го оставиле хакерите.

Иако сајтот е исклучен, преку пребарувачот Гугл се гледа потписот од хакерите:

Дали се работи за хакери од Грција е тешко да се каже затоа што вообичаено се оставаат пораки преку кои сомнежот во истрагата треба да се насочи во погрешен правец. Инаку, ваквите напади тешко се откриваат бидејќи вообичаено државни институции напаѓаат добро опремени и обучени хакерски тимови кои нападот можат да го извршат од било која точка на планетата.

П.Џ.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе