МОН: Во Македонија првачињата Албанци ќе учат од ист буквар како и врсниците од Косово и Албанија

Министерот за образование Јетон Шаќири соопшти дека македонското министерство даде согласност за употреба на Буквар за ученици од прво одделение на албански наставен јазик во учебната 2022/23 година.

„Министерството за образование и наука даде согласност за користење на материјалот составен од авторите Мимоза Ѓокутај, Саранда Кумнова, Насер Забели и Тереза Бабасули, кој е посветен на првачињата запишани во училиштата каде што наставниот јазик е албански.

Како одговорна институција која навремено одговара на потребите за непречена и квалитетна реализација на воспитно – образовниот процес, Министерството за образование и наука и во иднина ќе ја поддржи секоја иницијатива за употреба на дидактички материјали кои се од интерес на учениците и помагаат во остварување на целите дефинирани со наставните планови и програми“, напиша Шаќири на својот фејсбук-профил.

Овој Буквар беше изготвен како резултат на соработката на министерствата за образование на Албанија и Косово и веќе е во употреба во тамошните училишта.

 

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе