Реакција

МОН вели дека во Собрание е блокиран Законот кој гарантира континуиран раст на платите на наставниците

На барањето на Наставничкиот пленум за зголемување на платите на сите вработени во образованието за 20 отсто од почетокот на идната година, Министертството за образование и наука одговори барањето да биде упатено до пратениците во Собранието каде, како што наведува во соопштение, со месеци е заглавен предлог-законот со кој се обезбедува континуиран раст на платите на наставниците.

„Владата и Министерството за образование и наука работи во интерес на наставниците и обезбедување нивна правна сигурност и подобрување на нивниот статус. Во таа насока е Законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, со кој платите на наставниците треба да се зголемуваат согласно растот на минималната плата во државата. За жал, овој закон со кој се унапредуваат наставничките права e блокиран од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Потсетуваме дека во изминатите четири години платите на наставниците кои имаат работен стаж од 10 години се зголемени за околу четири и пол пати, односно за 4.000 денари, додека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ само за 800 денари“, наведува МОН.

Додава дека дополнително минатата, како и оваа година, блок-дотациите кон општините се зголемени за 2 отсто и дека во ова зголемување, покрај средства за набавка на потребните материјали и средства за хигиена и дезинфекција, предвидени се и средства за исплата на прекувремените часови работа на наставниците

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе