„Денеска, учениците од кумановските села Лопате и Черкезе, како и училиштата во општините Сарај, Струга и Боговиње согласно договорите за печатење, ќе добијат учебници по албански јазик и математика за прво одделение, природни науки за прво, второ и четврто одделение и историја и општество за четврто и петто одделение, сите на албански наставен јазик. Во текот на вчерашниот ден, исто така согласно четвртиот договор, учебници на албански наставен јазик, беа доставени во општините Липково, Тетово и Желино“, соопштија од МОН.
На истекот на првото полугодие од учебната година
МОН тврди дека ја интензивира дистрибуцијата на учебниците за основците

Образование и здравство
Објавено на
02 Декември 2022 - 11:41