Почнувајќи од октомври

МОН: Субвенциониран оброк и за студентите од приватните универзитети

Министерството за образование и наука информира дека право на користење на финансиската поддршка за субвенциониран студентски оброк во месечен износ од 2.400 денари ќе имаат сите редовни студенти на додипломски студии на државните и на приватните високообразовни установи.

„Оваа финансиска поддршка ќе почне од октомври годинава. За да ги добијат средствата, студентите покрај тоа што треба да се државјани на Република Северна Македонија, не треба да се во редовен работен однос; да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година“, информира МОН.

Правото на субвенциониран студентски оброк ќе се остварува преку аплицирање, за што МОН, како што наведува, дополнително и навремено ќе ја информира јавноста.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе