Вработените ги почитувале препораките на Владата

МОН се пофали со заштедена струја за септември, им стасала сметка за 35 отсто помала од лани

Министерството за образование и наука информира дека постигнале заштеда на електрична енергија од 35 проценти во месец септември 2022 година, споредбено со истиот месец минатата годна. Овој септември, според доставената фактура од добавувачот на електрична енергија, МОН потрошило 29 илјади и 700 kwh, додека во септември 2021 година се потрошени речиси 46 илјади kwh, информираат од МОН.

„Податоците потврдуваат дека вработените во МОН целосно ги почитуваат и применуваат препораките на Владата за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија во периодот од 1 септември 2022 до 31 март 2023 година“, се вели во соопштението на Министерството за образование и наука.

Од Министерството апелираат владините препораки за рационално користење на електричната енергија доследно да ги почитуваат и сите други образовни институции и установи, а особено училиштата и факултетите кои треба да обезбедат континуитет на наставата во форма во каква и започна новата учебна, односно академска година – со физичко присуство на учениците и студентите.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе