Warning: array_key_exists() expects parameter 2 to be array, null given in theme_image_formatter() (line 605 of /home/mkd/public_html/modules/image/image.field.inc).

МОН: Одложување на екскурзиите, предавања за коронавирусот, зголемено ниво на хигиената по училиштата...

Предавања за превенција од коронавирусот, одложување на планираните патувања и екскурзии на ученици, студенти и вработиени во Италија, пронаоѓање на оние ученици кои во послениве две недели престојувале во Ломбардија, Венето, Емилија Ромања и Пиемонт во Италија, како и во Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур и Тајван.

Ова се дел од препопраките на Министерството за образование испратени до основните и средните училишта во земјата, универзитетите, јавните научни установи и другите образовни институции. Доставени се детални насоки за постапување со цел заштита на учениците, студентите и вработените од евентуално заболување и понатамошно пренесување на овој вирус.

„Во најкус можен рок по телефонски/електронски пат потребно е образовните установи да обезбедат информации од сите свои вработени, ученици и студенти - дали во последните 2 недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: Лицата кои ќе дадат потврдна информација потребно е да не доаѓаат на работа, односно да не посетуваат настава, додека не добијат соодветни инструкции, односно совети за следни чекори што ќе треба да ги направат зависно од ситуацијата и од планот на надлежните здравствени институции и Владата.

Менаџментите на училиштата, универзитетите, јавните научни установи и сите други образовни институции треба да ја подигнат хигиената на највисоко ниво во сите простории каде има честа фреквенција на луѓе, соопшти Министерството за образование и наука.

 

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе