За македонски државјани

МОН: Од утре пријавување за студентски стипендии и за студентски оброк

Министерството за образование и наука објави дека од утре се отвора нов рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк за редовните студенти од државните универзитети, како и дека од утре започнуваат роковите за аплицирање за стипендии. Право на оброк, како и на стипендија имаат студенти, македонски државјани од државните универзитети.

Министерството за образование и наука информира дека од утре започнува пријавувањето за остварување на правото на студентска стипендија, а согласно условите и критериумите наведени во конкурсот за академската 2021-2022 година кој е објавен на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2021 година.

Pостапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, со што се поедноставува начинот на остварување на правото. Студентите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација во Министерството за образование и наука.

Утре започнува и поднесувањето на документи за продолжување на правото на стипендија стекнато во некоја од изминатите академски години, за што секој корисник кој ги исполнува условите од договорот потпишан со МОН, доставува потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити.

Доставата на документите се врши електронски преку http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку студентот нема можност, истите ги доставува хартиено до МОН. Краен рок е 30 октомври 2021 година, информира МОН.

Од утре повторно може да се аплицира на јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. Како што информираат од Министерството за образование и наука, вториот рок трае до 31 октомври и се однесува на сите новозапишани студенти, но и на оние кои ги исполнуваат условите, но не успеале да се пријават и да го остварат ова право во првиот рок.

Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, со прикачување на два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

Од Министерството соопштија дека во рамки на првиот рок пристигнаа вкупно 21.693 апликации, додека правото на субвенциониран студентски оброк го остварија вкупно 18.149 студенти. Дополнително, во фаза на разгледување се сите пристигнати приговори, а подносителите за конечната одлука ќе бидат известени во текот на следната работна недела.

Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се македонски државјани и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година, информираат од МОН.

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе