МОН: Нема да дозволиме ниеден ученик да остане на улица

Директорот на гимназијата „Орце Николов" Митко Димовски по вонредната средба во МОН и донесената одлука утре да нема квалификациски тест т.е. приемен испит, изјави дека во деветте паралелки во прва година ќе бидат распределени спорните 26 ученици со просечен успех 5.0 кои го надминуваат планираниот број (285) со конкурсот.

„Имавме конструктивен разговор со родителите и потоа се упативме во Министерството за образование и наука. Министерот нè повика на разговор, му ја објаснивме целата ситуација и дојде до ова решение. Значи, сите 311 ученици, односно со 5.0 просек, ќе бидат примени. Дефинитивно утре тестови ќе нема, а квалификациските за билингвалините паралелки се во понеделник“,  рече Димовски.

Средбата и уваженото барање на родителите ги потврди и МОН кое  соопшти дека министерот ги ислушал родителите и им кажал дека согласно со нивниот одличен успех ќе им ја почитуваат желбата и дека, како што е наведено, „нема да дозволи ниедно дете да остане на улица".

„По направените консултации министерот ги извести родителите дека тој како одговорно лице за образованието во Република Северна Македонија нема да дозволи „ниедно дете да остане на улица" и затоа дозволи сите пријавени ученици со 75 бода да бидат запишани во СУГС „Орце Николов". Сето ова е во насока на учениците да им се овозможи согласно нивниот одличен успех постигнат во основното образование да го продолжат средното образование во училиштето кое што го избрале“, информираше МОН.

Во текот на денов одлука да нема тестирање утре се очекува да биде донесена и за медицинското „Д-р Панче Караѓозов" во Скопје и за „Димитар Влахов"  (насока медицинска сестра) во Струмица, каде што бројот на пријавени е, исто така, надминат, неофицијално за околу пет кандидати. Училиштата треба да достават до МОН точен број на ученици и барање за нивно распределување во паралелките за Министерството да може да  донесе одлука утре да не се спроведе квалификацискиот тест.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе