Законски измени во собраниска процедура

МОН: Наставниците ќе се вработуваат на неопределено време

Владата го усвои предлогот на Министерството за образование и наука и тој веќе е во собраниска процедура, според кој, наставниците кои ќе се вработуваат ќе добијат статус на вработени на неопределено време, додека на веќе ангажиранраните натавници кои се времено вработени, статусот ќе им се трансформи на неопределено. МОН смета дека таквото законско решение ќе влијае на мотивацијата на наставниот кадар, но и се обезбедува нивна економска и правна сигурност.

„Измените на Законот за наставници и стручни соработници се веќе во собраниска процедура и истите предвидуваат, отсега сите нови вработувања во училиштата да бидат директно на неопределено време, наместо како досегашната практика да се чекаат две години за отпочнување на процес на трансформација, а воедно и сите наставници и стручни соработници кои во овој момент се ангажирани на определено време, вкупно 4.800 лица со стапувањето во сила на законските измени ќе добијат решение за трајно вработување доколку ги исполнуваат предвидените законски услови“, соопшти Министерството за образование и наука.

Министерството смета дека на овој начин ќе се намалат стравувањата на наставниците од добивање отказ пред работниот однос да се трансформира на неопределено време.

„Исто така, се обезбедува и континуитет во реализација на наставата што е важно и за наставникот, но и за учениците кои ќе немаат грижа дали од следната учебна година ќе им предава друг наставник и ќе им биде потребна повторна адаптација.

Законските измени овозможуваат професионален и кариерен развој за вработените во училиштата, како и следење и оценување на работата уште од првиот ден на стапувањето во редовен работен одно, нагласува Министерството и потенцира дека за прв пат законски се дефинираат компонентите на платата на наставниците и стручните соработници, со што се овозможува исплата на додатоците на плата за претходно стекнатите педагошки звања како резултат на успешност во работењето, додатокот за одделенско, односно класно раководство, за работа во комбинирана паралелка и за работа во ридско-планинско подрачје, за кои во минатото имаше реакции дека не се исплаќаат од страна на училиштата.

„Целосна плата за неполн неделен фонд на часови ќе добиваат наставниците кои реализираат воспитно-образовна работа според наставен план и програми донесени согласно Концепцијата за основно образование и воспитание, доколку имаат минимум 10 наставни часови во неделата. Министерството за образование и наука и репрезентативниот синдикат во областа на образованието е предвидено да склучат спогодба, со која се утврдува износoт на вредностa на бодот за пресметување на платата на наставниците и стручните соработници, која за прв пат се поврзува и ќе расте со секое покачување на минималната плата“, се вели во соопштението на МОН.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе