МОН најавува продолжување на тестирањето на платформата, вчера се најавиле над 88 илјади корисници

На националната платформа за онлајн-настава вчера биле најавени над 88 000 активни корисници кои, како што информира Министетството за образование и наука, придонеле за успешно идентификување и дефинирање на предизвиците кои произлегуваат од нејзино оптоварување во оваа фаза од имплементацијата.

Резултатите од тестирањето на терен се целосно сондирани, и е започната оптимизација на ресурсите во сите три кластери на сервери (Серверите за базите со податоци (database servers); Серверите за балансирање на оптоварување (load balancer), и Серверите за опслужување на корисниците (web servers)). Процесот на тестирање продолжува и во текот на денешниот ден, а интензивно ќе се одвива и во наредните денови, соопшти МОН.

Министерството наведува дека поради тестирањето можно е повремено да се добива порака за грешка при поврзување со базата (error database connection), што е очекувано во предметната фаза на тестирање.

Овој процес ќе помогне не само за успешно ставање на Платформата во функција, туку и ќе поддржи изградба на интероперабилност помеѓу различните системи во рамки на Министерството за образование и наука, во насока на ефективно следење на секој ученик во текот на целокупниот процес на негово образование.Нашата крајна цел е не само да овозможиме континуитет на образовниот процес во вонредни околности, како што е тековниот со пандемијата со КОВИД-19, туку да создадеме солидни темели за понатамошно унапредување на квалитетот на целокупниот образовен процес во земјата, посочува МОН.

Министерството повикува учениците и наставниците да продолжат со поврзување на Националната платформа за учење на далечина и во наредните денови, и редовно да ги следат новите содржини што се поставуваат на главната страница (www.schools.mk).

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе