Според европско-скандинавски искуства

МОН најави реформи - учебникот нема да биде најважен во наставата

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за промена на наставните и дидактичките материјали за основно и за средно образование, врз искуствата од скандинавските земји и некои од земјите во Европа и нашиот регион. Работната група е составена од претставници од Министерството, Педагошката служба, Бирото за развој на образованието како и претставници од меѓународни институции и граѓанскиот сектор.

Работната група веќе е активна и работи на анализа на најдобрите искуства и практики од повеќе европски земји врз основа на која ќе се изготви целосно нов систем за унапредување на квалитетот на наставата што подразбира не само употреба на учебници, туку и изработка и употреба на разни видови наставни и дидактички материјали за наставниците и учениците.

„Потребата од воведувањето на нов систем за изработка на наставни материјали е резултат на постојаните реакции од јавноста, родителите/старателите, учениците, но и самите наставници за квалитетот на учебниците, долгите постапки за нивно одобрување, како и честите повлекување на учебници поради стереотипи, предрасуди, грешки и недоследности", соопшти МОН.

Министерството додава дека голем број земји во светот веќе го имаат надминато системот на класична употреба на учебник, поради што учениците своето знаење го стекнуваат преку различни извори на информации и разновидни дигитални алатки.

„Ова е идеја и на голем број наши наставници, но е дел и од препораките на ОЕЦД за системот на образование во нашата земја. Реформата на учебниците ќе се прави во широка консултација, истовремено со реформите за основно образование, а планот е да се воведе од следната учебна година", соопшти МОН.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе