МОН: Покачување на платите е предвидено од следниот месец

„Правото на работниците да се организираат преку синдикални организации и да го изразуваат незадоволството од одредени состојби, мерки и активности е уставно гарантирано и Министерството за образование и наука апсолутно ги поддржува барањата на синдикатите за унапредување на правата на вработените во образованието, што впрочем претставува и наш врвен приоритет за кој имаме изготвено план и тој веќе се спроведува. Јавноста знае дека минатата година платите на вработените во образованието од месец септември беа зголемени за 5%, додека следната фаза, односно следното покачување е предвидено веќе од следниот месец, со опфат на вработените во основното, средното и високото образование", ова го соопштија од Министерството за образование и наука по прес конференцијата на Независниот синдикат за образование и наука.

„Станува збор за реален и остварлив план кој е проектиран согласно буџетските можности.  Планот, односно предвидените мерки беа презентирани пред синдикалните организации пред да започне нивната имплементација, за што синдикалните организации истакнаа позитивен став и барање овој позитивен тренд односно заложба за подобри услови и можности за работа да продолжи и во иднина, што секако е прифатено и се спроведува од институциите на системот. Дополнително, информираме дека континуирано се реализира процесот на трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време согласно доставените барања од страна на локалните самоуправи. Континуирано се инвестира и во унапредувањето на образовната инфраструктура, а со цел обезбедување на подобри услови за образовниот процес на учениците, но и подобри услови за работа на наставниците. Веќе е усвоен целосно нов Закон за основно образование кој обезбедува повеќе права и можности за учениците и наставниците, како и Закон за наставници и стручни соработници во основното и средното образование, кој за прв пат им овозможува да напредуваат во звања и за тоа да добиваат повисоки лични примања. По однос на недостигот на кадар по предметите математика, хемија и физика, информираме дека Министерството за образование и наука ја има детектирано состојбата и во таа насока веќе неколку години се доделуваат стипендии во вредност од 18.000 денари на месечно ниво за студенти кои ќе се запишат на студиски програми од овие области, со цел обезбедување на кадар кој потоа ќе пренесува знаење на основците и средношколците. Уверуваме дека соработката и социјалниот дијалог со синдикалните организации ќе продолжи и во периодот што следи, преку инклузивен сеопфатен пристап во дефинирањето на сите следни мерки, проекти и активности кои директно ги тангираат вработените во образованието. Министерството за образование и наука е и ќе продолжи да биде отворено за соработка и взаемно делување“, се наведува во соопштението.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе