Двесте асистенти во огласот за ОУРЦ „Златан Сремец“-Скопје ќе бидат ангажирани во основни училишта во општините: Јегуновце, Тетово, Теарце, Желино, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Сарај, Сопиште и Студеничани.
Од нив, за македонски јазик се предвидени 110 за одделенска и 30 за предметна настава. На албански наставен јазик отворени се работни места за 45 образовни асистенти во одделенска настава и 15 во предметна.
Во огласот за ОУРЦ „Иднина“-Скопје е предвидено вработување на 226 образовни асистенти кои ќе им помагаат на ученици со попречености во основните училишта во општините: Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Куманово, Липково, Центар, Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Зелениково, Петровец, Илинден, Арачиново и Чучер Сандево. На македонски наставен јазик може да се вработат 95 во одделенска, 16 во предметна настава и пет образовни асистенти во комбинирана паралелка, а на албански наставен јазик – 85 во одделенска, 20 во предметна и пет во комбинирана паралелка.
Огласот на основното училиште со ресурсен центар „Маца Ѓоргиева-Овчарова“-Велес е за вработување на 95 образовни асистенти кои ќе работат со ученици со атипичен развој во основните училишта во Велес, Чашка, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Неготино, Градско, Лозово, Свети Николе, Штип, Пробиштип и Карбинци.
Во огласите што денеска ги објави МОН се наведени условите за вработување со потребните работни компетенции на кандидатите, распоредот на работното време на образовните асистенти и документите и рокот за аплицирање.
Минатата учебна година првпат од буџетот на Министерството за образование и наука беа ангажирани 500 образовни асистенти за работа со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава.