МОН и СОНК не постигнаа договор за покачувањето на платите, преговорите продолжуваат

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование денеска не постигнаа договор за зголемување на платите во образованието, но најавија дека до крајот на неделата повторно ќе се состанат.

По средбата, министерот Арбр Адеми изјави дека преговорите продолжуваат.

„За жал, денеска не се постигна конечен договор што значи дека преговорите ќе продолжат. Разгледани се повеќе опции, повеќе можности и алтернативи за кои ни треба дополнително време да ги разгледаме од наша страна. До крајот на неделата сигурно повторно ќе имаме работен состанок и мислам дека тоа што го постигнавме досега е за поздравување“, изјави Адеми.

МОН останува на ставот платите да се зголемат за 10 проценти во април, но од СОНК не се согласуваат со ова и најавија генерален штрајк за 11 ноември доколку не се постигне договор. Адеми смета дека нема потреба од штрајк затоа што има решение и вели дека просветните работници заслужуваат повеќе, а тие направиле сѐ што можат.

Од СОНК, пак, го повторуваат ставот дека ако не се најде решение, на 10 ноември ќе има генерален штрајк.

„Спорен е процентот на зголемување на платите од 10 проценти и тоа дека наместо во јануари покачувања ќе има од април“, изјави Јаким Неделков по средбата со Адеми.

Освен покачување на платите, од СОНК бараат и измени и дополнувања на колективните договори за основно и за средно образование, во кои ќе се иницираат регрес за годишен одмор, надоместоци за превоз на вработените, прекувремените наставни часови кои досега воопшто не се исплаќале.

 

Лустрацијата беше непотребна и смешна фарса, неуспешна пресметка и понижување на политичките неистомисленици. За ветингот да успее, треба да ги опфати сите.

повеќе

Законски да се регулира дека за амбасадорските места ќе има интерен (во МНР) оглас и кандидирање на заинтересираните.

повеќе

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе