На две недели пред почетокот на учебната година

МОН ги повика учениците да смислат име и лого за Националната платформа за онлајн учење

Министерството за образование и наука (МОН) објави јавен повик за избор на идејно решение за лого, насловна фотографија и официјален назив на Националната платформа за учење на далечина.

Повикот под мото „Од учениците, за учениците“ е отворен за учениците од сите основни и средни училишта во земјата и тие можат да учествуваат индивидуално или во групи до четворица ученици, со поднесување на едно или најмногу три идејни решенија.

Со овој повик, како што се наведува во соопштението, МОН се обраќа до учениците, како најголеми корисници на Единствена национална платформа за учење на далечина, којашто е предвидена со Планот за започнување на учебната 2020/2021 година. Преку Платформата ќе се реализира учењето на далечина, и ќе се овозможи разработка и совладување на материјата предвидена во наставните програми за сите одделенија во основното и средното образование, преку одржување двонасочна комуникација на едноставен и прифатлив начин за сите.

Идејните решенија се доставуваат на електронската адреса nacionalnaplatforma@mon.gov.mk, најдоцна до 22 септември 2020 година (до 16:00 часот).

Најдобрите пет решенија ќе бидат поставени на официјалната страница на Националната платформа за учење на далечина, на јавно гласање на учениците. Решението со најголем број освоени гласови од учениците, ќе биде избрано за официјално, додека за авторот/авторите ќе следува пригодна награда обезбедена од МОН и УНИЦЕФ.

Повеќе информации за јавниот повик може да се најдат на веб-страницата на Министерството за образование и наука.

 

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе