МОН ги одзеде ингеренциите на oпштина Гостивар, Таравари обвинува дека се уништува градот

Министерството за образование и наука, повторно ги одзеде ингеренциите во образованието од oпштина Гостивар. Одлуката практично значи дека градските власти, во следниот период, нема да имаат право да отпуштаат и именуваат директори во основните и средните училишта во Гостивар.

Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, коментирајќи ја новата одлука, ја обвини Владата дека наместо да се занимава со истрага и да утврди одговорност таа му задава удар на градот Гостивар.

„Морам да истакнам дека од страна на нашата општина, и покрај лошите услови нема никаква повреда која води кон ваква флагрантна одлука! По погребните обреди, едвај неколку дена по смртта на 15 лица како последица на сообраќајна несреќа, Владата не се занимава со итна истрага на случајот, туку му задава уште еден удар на Гостивар! Ако целта на оваа влада е да го уништи Гостивар од листата, со разотидување на нејзини луѓе низ светот или толку близу за да им се случуваат несреќи по патот и да не се вратат дома живи, тогаш оваа одлука без преседан, ја има својата смисла! Но, ако оваа влада го сака Гостивар на ист начин како Скопје или Штип, таа веднаш треба да го запре тоталитарното однесување во Гостивар! Се срамам што сите амбасадори кои постојано комуницираат со мене за трагедијата што не снајде, ќе мора да ги информирам за оваа аматерска, смешна, неморална, непријателска и дискриминаторска одлука! Барам лично внимание од премиерот на државава за овој случај, бидејќи не сакам да верувам дека е точно информиран што се случува“, Барам лично внимание од премиерот на државава за овој случај, бидејќи не сакам да верувам дека е точно информиран што се случува! Пред неколку дена, ни дојде дома за сочувство, а денес ни ги зема и оние малку работи што ни останале!
Едноставно неверојатно! Ако е така, со право можам да верувам дека Владата со г-динот премиер имаат стратегија за понижување на Гостивар!
Но ... внимавајте! 100 паѓаат 1.000 се креваат! Историски сме докажале дека не се совладуваме лесно! Не заборавајте, како јас така и секој чесен гостиварец, од овде и од цел свет, ќе дадеме се од себе до жртвување за нашиот град!
Бог да го благослови Гостивар“, напиша Таравари на Фејсбук.

Во реакцијата на МОН го обвинија Таравари дека работел спротивно на законот и дека шири дезинформации и скандалозно ги злоупотребува последните трагични настани.

 „МОН изразува длабоко жалење за рецидивното незаконско однесување на градоначалникот на Гостивар, коешто континуирано ги оштетува учениците, наставниците, родителите и генерално граѓаните на Гостивар. Вистината е во тоа дека по извршените инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за образование во општина Гостивар, беа констатирани идентични неправилности, за коишто еднаш на Општина Гостивар и беа одземени надлежности во областа на образованието. Поради оваа причина, МОН е должна да ги преземе сите неопходни мерки коишто ги налага законот, во насока на привремено одземање на надлежностите на Општина Гостивар за именување и разрешување на директори на општински средни и основни училишта“, велат од Министерството за образование и нуака.

Од МОН наведуваат низа неправилности кои биле утврдени при работењето на општинските власти.

„Непочитување на законските одредби од страна на градоначалникот во постапките за назначување и разрешување на директорите на основните и средните училишта; разрешувањата на директорите, според она што е констатирано од страна на Државниот просветен инспекторат, биле извршени без процедури предвидени со закон, додека назначувањето на новите директори, кои не само што не ги исполниле условите и критериумите за овие позиции, туку биле извршени со непочитување на постапките предвидени со закон. Исто така, се констатираа состојби кога одредени директори беа разрешени дури во два наврати од страна на градоначалникот и тоа, првиот пат без да се почитуваат постапките и по забелешките на Инспекторатот, г. Таравари ги врати на должност за истите да ги разреши по шест дена, без почитување на постапката. По првото разрешување на директорите, Инспекторатот утврди дека се именувани директори кои не ги исполнуваат условите согласно законот и истите лица, кои што не ги исполнувале условите биле повторно именувани како директори дури и по второто разрешување на законски избраните директори“, истакнуваат од МОН и апелираат до општина Гостивар да не ја вклучат политиката во воспитно-образовниот процес.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе