МОН ги објави листите, бруцошите примени во студентските домови треба да потпишат договор и може да се вселат

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2021/2022 година, кои се однесуваат на студентите од прва година на студии, а кои аплицирале за сместување во капацитетите во Скопје.  

Како што информираат од Министерството за образование и наука, студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот треба да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите, а приговори на резултатите се доставуваат до МОН заклучно со 8 октомври 2021 година.

Од Министерството додаваат дека листите со примени студенти во студентските домови во другите градови ќе бидат објавени в понеделник, 4 октомври 2021 година. 

 

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе