МОН ги објави конкурсите за студентски стипендии

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување ученички и студентски стипендии за учебната/студиската 2021-2022 година и соопшти дека годинава се зголемени износите и се воведени нови категории стипендии

Во секој од конкурсите се наведени условите, критериумите, потребните документи и роковите за аплицирање за да се оствари правото на користење на соодветната стипендија.

„МОН и Владата оваа година одлучија значително да ја променат политиката на стипендирање ученици и студенти, со цел да се излезе во пресрет на што повеќе млади, но и да добијат зголемени месечни износи со кои навистина ќе ја почувствуваат поддршката која државата им ја обезбедува во текот на образовниот процес. Па така, за најголем дел од категориите на ученички стипендии кои се доделуваа и досега, месечните износи се зголемени за околу 60 проценти, а воедно воведени се и нови категории, од кои, позначајни се оние за ученици кои ќе се запишат во дуални паралелки, во дефицитарни струки или, пак, во тригодишно средно стручно образование. Исто така зголемени се и месечните износи на поголем дел од студентските стипендии, некои од нив и за над 80 отсто“, информира Министерството за образование и наука.

Од оваа година, постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, со што значително се поедноставува начинот на остварување на правото. Учениците и студентите кои немаат можност да аплицираат електронски, треба да пополнат хартиена пријава (евидентен лист) и да ја достават потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука.

МОН обезбедува поддршка при аплицирањето за секој заинтересиран кандидат кој ги исполнува условите за одредена категорија на стипендии, преку Секторот за ученички и студентски стандард, соопшти Министерството, кое во известувањето наведува и контакти на вработени во МОН за повеќе информации за конкурсите.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе