МОН ги објави добитниците на стипендии

Во објавата на листите на добитници на различни категории стипендии, МОН информира дека студентите кои стекнале право на користење студентска стипендија треба да испечатат и пополнат три примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до вторник, 30 ноември 2021, да ги достават до Министерството за образование и наука – директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница, на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 54, 1000 Скопје.

Добитниците на стипендија кои нема да достават договор во предвидениот рок ќе се смета дека се откажуваат од правото на користење стипендија.

Одбиените кандидати, пак, ќе имаат можност за приговор во соодветен рок, откако на адресата која ја имаат посочено при аплицирањето ќе добијат решение од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

Незадоволните кандидати може да достават приговор на [email protected]

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе