Случај „Орце Николов“

МОН денес ги информира учениците кога ќе биде тестот утре, тие немаат ниту учебници, ниту поим за што ќе одговараат

Министерството за образование тукушто закачи соопштение на вратите на гимназијата Орце Николов: Квалификациониот тест е закажан за утре во 10 часот.

На главната врата на гимназијата „Орце Николов“ пред половина час беше истакнато соопштение од Комисијата за упис на ученици од прва година на Министерството за образование и наука.

За повеќе од 300 ученици со сите петки, по тестот ќе се направи нова ранг-листа со 285-те ученици што ќе се запишат во оваа скопска гимназија.

И натаму нема никаква информација за тоа за кој дел од материјалот по македонски и математика ќе има прашања во тестовите, од кое одделение и од кои области.

Освен тоа, како што реагираа и од Младински образовен форум, учениците веќе ги имаат вратено своите учебници, па немаат ни од каде „на тепка“ да повторат барем дел од материјалот.

А прашање е и што воопшто можат да направат од денес до утре, помалку од 24 часа пред утрешното тестирање во 10 часот.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе