По инцидентите во училиштето во Битола

МОН даде насоки за превенција од нови случаи на самоповредување на ученици

Министерството за образование и другите институции преземаат соодветни активности за утврдување на причините за појавата на случајот со учениците во Битола и за превенција од евентуална појава на нови случаи преку мултисекторски пристап, соопшти министерството во врска со информациите поврзани со учеството на ученици во игри објавени на глобалната интернет мрежа, кои се окарактеризирани како ризични по нивното здравје и здравјето на луѓето во нивната околина.

„Основните и средните училишта во земјата добија насоки за понатамошната работа на педагошко-психолошките служби, наставниците, како и за вклучување на родителите и децата во активностите. Информираме дека до училиштата е доставен указ со кој тие се задолжени да го подигнат степенот на внимателност и интеракција со учениците, вклучувајќи и внимателност околу спроведувањето на комуникациите преку интернет, а воедно и зголемена индивидуална комуникација со учениците.

Дадена е насока преку групни работилници на оваа тема спроведени од страна на стручната служба во училиштето учениците детално да се информираат за можните ризици од учеството во ваков тип на игри, а воедно и да се интензивира и комуникацијата со семејствата на учениците преку организирање состаноци и родителски средби, со цел навремено превенирање доколку кај одредени поединци или групи биде забележано однесување кое отстапува од вообичаеното и упатува на индиции за преземање несакани дејства од страна на учениците кон самите нив, кон нивните соученици, наставници или други вработени во училиштето.

Доколку биде забележано невообичаено однесување, иницирано од споменатите видео игри и слични интернет содржини, покрај првичната превенција од страна на училишните служби и задолжително воспоставување комуникација со семејството, училиштата имаат обврска и задолжително да ги информираат надлежните институции на системот.

 

Истовремено, апелираме и до семејствата, односно родителите и старателите на учениците да бидат претпазливи и да посветат внимание на содржините до кои пристапуваат нивните деца на глобалната интернет мрежа за времето додека се дома“, се вели во соопштението на Министерството за образование и наука.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе