Соопштение

МОН апелира за редовност во наставата - нема бојкот, туку изолирани случаи

Министерството за образование нагласува дека има само изолирани случаи на помали групи ученици кои ја бојкотираат наставата и апелира до учениците и родителите за редовно посетување на часовите за да не се соочат децата со педагошки мерки, намалено поведение и дополнителна настава за да се надоместат загубеното време и наставниот материјал.

Министерството за образование и наука во денешното соопштение информира дека помали групи на ученици од неколку училишта во државата не ја посетуваат наставата организирана со физичко присуство, односно не се вклучени во онлајн наставата.

„Апелираме до нив и до нивните семејства, да ја променат таквата одлука и заедно со сите други ученици да се вратат на часовите и на процесот на стекнување знаења, што впрочем треба да биде нивен приоритет и единствена грижа. Секое неоправдано отсуство предизвикува импликации во педагошката евиденција која ја водат наставниците за образованието и поведението на учениците, а воедно потоа тоа отсуство треба да се надоместува преку организирање на дополнителна настава“, порачува министерството.

Промените во основното образование, како што е наведено во соопштението, се целосно во интерес на учениците и унапредување на образованието.

„Реформите се исто така и на барање на наставниците, но и потреба која што ја наметнува современиот свет и глобалните образовни трендови со кои Северна Македонија конечно мора да фати чекор и да ги следи. Носење на законско решение кое треба да донесе квалитет на наставата и повеќе бенефиции за младите, не смее да биде причина за бојкот“, нагласува министерството.

Дигитализацијата на материјалите за учење е дел од промените кои започнуваат од идната учебна година, а тој тренд е насекаде во светот и не смее да ја одмине нашата земја, велат од министертвото и нагласуваат дека новините се предизвик за сите, од кои не треба да се откажува,, туку напротив заедно и транспарентно да се продолжи да се работи на креирање на најдобрите решенија кои ќе треба да се интегрираат во системот.

„Потсетуваме дека новото законско решение во кое е дефинирана етапната дигитализација на материјалите за учење, ќе обезбеди достапност на учебниците за сите ученици, поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а воедно и инклузивност, имајќи предвид дека истите ќе бидат достапни во аудио формат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид. Исто така, преку поставувањето на повеќе филтри низ постапката за изработка и усвојување на учебниците, се елиминира веројатноста за појава на грешки“, нагласува министерството.

Министерството за образование и наука на крајот порачува дека останува отворена институција за соработка со секој заинтересиран поединец, група, граѓанска организација, здружение со намера да даде конструктивен предлог, идеја или коментар за унапредување на содржината и квалитетот на законското решение, земајќи го во преден план најдобриот интерес на учениците.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе