Момчето што почина од сепса го оперирало хирург од ПЗУ „Јанита” во изнајмена операциона сала

Хируршката интервенција на 39-годишното момче кое вчера почина од сепса во Градската општа болница „8 Септември” му била извршена во приватната ординација „Јанита” што се наоѓа во Тафталиџе, објави Нова ТВ

 

Информацијата за порталот ја потврдиле од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Но, засега не е објавено името на втората ординација каде што лекарот изнајмил операциона сала, која што се ноѓа во Аеродром, бидејќи уште трае инспекцискиот надзор. 

„Се работи  за ПЗУ ‘Јанита’, а лекарот кој што ја извршил интервенцијата е Звонко Николовски, специјалист по општа хирургија. Тој за да ја изврши интервенцијата изнајмил операциона сала во друга приватна здравствена установа, каде што се уште трае инспекцискиот надзор и се проверуваат сите документи“, изјавила Ирина Бухова, директорка на ДЗСИ.

Според извештаите на некои медиуми, Николовски во 2007 година бил правосилно осуден за земање мито кога работел во Градската Општа Болница „Св. Наум Охридски“. 

Инаку, од ДСЗИ потврдуваат дека симптомите на сепса кај синоќа починатиот маж се јавиле веднаш по хируршкиот зафат.

Од ПЗУ „Јанита“ за Нова ТВ изјавиле дека нема ништо спорно во тоа што била изнајмена операциона сала во друга здравствена установа. 

Момчето во „8 Септември” било донесено вчера во 11 часот, а починало вечерта меѓу 18 и 19 часот.

 

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе