„Се работи за повредено момче на возраст од околу 30 години кое кај нас е донесено со прострелна рана во пределот на стомакот. Повредени се и други органи и хируршката интервенција е во тек“, ни изјави д-р. Арсенков.
Претходно за истиот настан веќе објавивме дека МВР го потврди и соопштија дека се работи за нарушување на јавен ред и мир во с.Љубош, при што имало и употреба на огнено оружје, при што две лица биле повредени.
„Денеска во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во с.Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х. од една страна и Н.Р. и М.Р. од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски" за укажување на лекарска помош. Четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок", ни изјавија од МВР.