Во тетовскиот ковид-центар

Момче на 21 година без коморбидитети почина од ковид-19, организмот не реагирал на терапијата

Момчето на 21 година кое почина ноќеска околу полноќ во тетовскиот ковид-центар било примен на 15 август, а карактеристично во болничкото лекување била отпорноста која што организмот ја имал кон антивирална терапија, објасни на средба со новинарите координаторот во ковид-центарот д-р Гзим Нуредини. Момчето немало хронични болести.

„Беше примен во многу тешка општа состојба, по консултација со Инфективна клиника во Скопје, родителите одбија да го носиме. Посетен беше од доктори од Скопје, ден пред да почине и дента кога почина. Бил на цела антивирална терапија по најновите протоколи за лекување, за жал беше резистентен на терапијата. По официјални анамнестички податоци што ги имаме, се работи за лице без никакви коморбидетети. Неофицијално, по претпоставка се сомневаат за некаков синдром, според искуството на лекарите. Ова е нешто многу серизно да ви почине дете младо без коморбидитети, но лекарите што го прегледале се сомневаат за одреден синдром, но за тоа треба генетски тестирања, не реагирал на терапија. Давале терапија, а одело на полошо, бил лекуван и во Тетово и од Скопје лекари дошле, да не се сомневаме дека не отишол, нега добил да не се сомневаат и граѓаните“, изјави д-р Нуредини.

Тој повторно апелираше до младите да внимаваат бидејќи се главните преносители на вирусот.

„Во Тетово има многу млади заразени, да не мислат дека е од клима, настинка, треба да се тестираат. Или ако не се тестираат нека се изолираат. Оти не дај Боже да ги фати сега и младите, градот е полн со млади луѓе. Да видиме за каков сој се работи, да не е новиот сој, не знаееме. Уште еден апел да не мислат луѓето дека е шега, нема специфична терапија, ако самиот имун систем не е во ред, тој се бори со вирусот. Значи цела палета на антвирални лекови не е тоа што го собори вирусот. Младите треба да внимаваат веднаш да се тестираат“, рече докторот.

Нуредини вели дека државните институции се запознаени со состојбата и од таму треба да се очекуваат евентуални порестриктивни мерки, потсетувајќи дека населението со носење маска придонесува за поголема заштита.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе