МНР: Досега нема информација за македонски граѓани во Италија заболени од коронавирус

До овој момент нема информација за македонски граѓани во Италија, заболени од коронавирусот, информира Министерството за надворешни работи, повикувајќи се на информации добиени од Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Венеција – Италија.

„Според последните информации, потврдени се 159 случаи на заразени лица со коронавирус. Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим и Генералниот конзулат во Венеција, редовно ја следи состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат во овој регион и остварува комуникација со надлежните италијански органи во врска со мерките што се преземаат за спречување на ширењето на коронавирусот“, се наведува во соопштението. 

МНР препорачува зголемени мерки на претпазливост при патување во италијанските региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во овој период, а повеќе информации може да се добијат на интернет страницата travel.mfa.gov.mk.  

Инаку, во зафатените региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања престојуваат околу 23,000 македонски државјани. Подетални информации околу развојот на состојбите, тие можат да добијат во Генералниот конзулат во Венеција на дежурниот телефонски број +39 389 5837913 или на меил venice@mfa.gov.mk

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе