сабота, 20 април 2024

Во Скопје отворен е Беломорски клуб и читална

Денеска во центарот на Скопје беше отворен Беломорски клуб и читална во која има книги за историјата на Егејскиот дел на Македонија. Сотир Лукровски, претседател на македонското патриотско здружение Вмбел Егеј и координатор на здруженијата на Македонците по потекло од Егејот вели дека клубот треба да прерасне во едно сврталиште на повозрасните, но и да привлече помлади членови.

 

Објавено на

часот

Сподели

Во клубот веќе има повеќе од 300 наслови и секој ќе може да дојде да прочита тоа што го интересира, да пронајде податоци и документи за роднини и пријатели каде избегале и која година.

Крајната цел е да го одржиме отворено прашањето на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонијам рече Луктровски.

„Она што можеме да го направиме е на децата да им ја пренесеме вистината. Како јас што сум ја слушал  од моите баба и дедо кои ми оставиле аманет дека сум Македонец, треба и ние да им го пренесеме на децата. За жал децата не знаат речиси ништо, но треба да се прашаме колку ние зборуваме за тоа и колку сме им пренеле“, рече Лукровски.

На отворањето присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На 12 мај претстојат и Беломорските видувања, еден од најмасовните настани на Македоните од Егејска Македонија, на кој ќе присуствуваат и гости од Пирин и од Егеј.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ