Mлади татковци се подготвуваат за социјална револуција

Група млади татковци почнаа иницијатива за зголемување на свесноста кај татковците за нивната улога во развојот на детето. Тие отворија фан-страница на социјалната мрежа „Фејсбук“ наречена „Одговорен татко“ .

Како интернет платформа која има за цел да ја зголеми свесноста за поимот „одговорно татковство". Фан-страницата ќе претставува место каде секојдневно ќе се споделуваат едукативни содржини, реални ситуации со кои се соочуваат татковците, проблеми, решенија, совети од стручни лица... Главен акцент ќе биде ставен на размената на искуствата на татковците во 21 век и нивната улога кога се децата во прашање.

Од тимот на инивијативата повикуваат: „Татковци, ајде да направиме социјална револуција и да покажеме на сите колку сме и ние посветени во растот и развојот на нашите деца“.

Посебно внимание посветуваат на глобализациските трендови и родовата еднаквост, која во ова комплицирано општество и борба за егзистенција изискува потреба од еднаква поделба на обврските дома, надвор од дома, на работа...

Иницијативата има за крајна цел да докаже дека во нашата држава „татко“ станува една одговорна улога која по добивањето на детето му дава поинаква смисла на животот на сите чинители на едно среќно и задоволно семејство.

Иницијаторите изразуваат надеж дека оваа иницијатива, по обезбедување соодветни финансиски средства ќе прерасне во вистинска онлајн и офлајн револуција, која ќе придонесе да се слушне гласот на таткото.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе