По повод 14 јуни, Светскиот ден на крводарителството

Млади крводарители со порака: Дарувај крв и спаси живот, секоја капка е важна

Денес се одбележува Светскиот ден на крводарителството. Крводарителите се херои бидејќи крвта е незаменлив лек секојдневно потребен во спасување на луѓе кои имат потреба од неа и нејзината улога е бесценета. Се спасуваат итни случаи, болни и повредени, животно загрозувачки пациенти, а крводарителот е херој кој може да ја врати насмевката кај овие пациенти, среќата кај нив и нивните семејства. Тројца млади крводарители за МКД.мк велат дека крводарителите се херои бидејќи спасуваат живот. Зоки Бабунски, Кристијан Грамов и Магдалена Бојковска порачаа дека секоја капка крв е важна. 

Пристапот до безбедна крв за сите оние кои имаат потреба, и понатаму останува највисок императив на земјите во светот, па и кај нас. Оваа година, под мотото „Дарувај крв и придонеси светот да продолжи да се движи" Црвениот крст до одбележува 14 jуни, Светскиот ден на крводарителство. Пораката го потенцира суштинскиот придонес што го даваат дарителите на крв во одржување на „пулсирачкиот свет", спасувајќи животи и подобрувајќи го здравјето на другите.

На овој ден традиционално ширум светот се одбележува Светскиот ден на крводарителството. Настаните кои се организираат имаат за цел да ја зголемат колективната и индивидуалната свест за неопходноста од безбедна крв и крвни продукти.

Овие луѓе- крводарители се вистински херои на денешницата кои преку својата драгоцена течност спасуваат човечки живот.

„Дарувам крв уште од мојата 18 годишна возраст и досега имам дарувано 25 пати. Навистина секое дарување одново и одново ми претставува посебно задоволство затоа што знам дека овој благороден чин ќе спаси нечиј живот. Во изминатиот период активно сум дел во организирањето на крводарителските акции кои ги спроведува Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Кисела Вода и можам да кажам дека е голем бројот на дарители кои својата хуманост ја искажаа и за време на пандемијата со ковид-19", вели Кристијан Грамов, млад крводарител на 26 годишна возраст.

Горд на дарувањето крв и хуманиот чин е и Зоки Бабунски кој порача дека ќе продолжи со овој потег кој спасува човечки животи.

„Го честитам денешниот ден на сите крводарители, а потоа како млад крводарител споделам позитивно искуство со останатите и сакам да ги мотивирам сите млади лица да бидат дел од овој хуман и благороден чин, затоа што со самиот потег тие спасуваат човечки живот. Редовно сум дел од крводарителските акции кои се организираат во мојата средина и чувството на солидарност е неминовно. Дури и во услови на пандемија со ковид-19 имав прилика да дарувам крв и можам да споменам дека дарувањето крв е сосема безбедно и потребно и во услови на пандемија. Досега имам дарувано приближно 20 пати и планирам да продолжам и понатаму преку овој благороден чин да ја искажувам својата хуманост на дело", ни изјави дваесет и четиригодишниот Бабунски.

На дарување крв и хуманост поттикнува и Магдалена Бојковска која има 21 година и која е дел од овој хуман процес.

„Како млад мотиватор во областа на крводарителството ми претставува исклучително задоволство што можам да ги поттикнам сите млади лица да се запознаат со процесот на дарување и да бидат дел од истиот. Од неодамна сум активен крводарител и организатор на дел од вонредните крводарителски акции за млади лица кои се во организација на нашата Општинска организација. Голем е бројот на млади лица заинтересирани да бидат дел од овој хуман чин што навистина ме радува, затоа што сепак младите се движечката сила во општеството", вели Бојковска.

К.Д.

 

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе