Поради компликации од болеста

Младата жена која почина од ковид-19 е породена во седми месец, бебето е во инкубатор

Младата жена на возраст од 29 години која се најде во статистиката на Институтот за јавно здравје на починати од коронавирусот во последните 24 часа, е трудница од Куманово, кај која здравствената состојба се влошила. Била породена во седмиот месец од бременоста, а бебето се наоѓа во инкубатор.

Постои веројатност младата жена со коронавирусот да се заразила на свадба. Кога состојбата се влошила, таа побарала помош во кумановската болница. По сериозните компликации била препратена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Породена е со царски рез, а бебето е во инкубатор.

Напорите на лекарите да се спаси нејзиниот живот не успеале.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе