Митрев: Успешна и третата срцева трансплантација

Успешно е направена и третата срцева трансплантација, кога е човечки живот во прашање не е важно дали е ден или ноќ, викенд или работен ден, објави на фејсбук профилот на „Жан Митрев клиника", академик Жан Митрев кој беше дел од медицинскиот тим кој ја изврши трансплантацијата на срце од мртов донор.

„Согласно претходно извршените подготовки, рано утрово околу 6:30 часот тимот кардиохирурзи го почна оперативниот зафат со цел трансплантација на срце од починат донор. Во просториите на државната кардиохирургија академик д-р Zan Mitrev заедно со д-р Никола Христов и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија придружени од анестезиолозите, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри ја изведоа оваа операција која траеше околу 5 часа со што и официјално успешно беше извршена третата трансплантација направена во нашата земја. Станува збор за 40 - годишна жена чие семејство даде согласност, нејзиното срце да продолжи да чука во градите на 32 - годишна жена“.

Во соопштениети од Клиниката се вели дека во текот на денот се очекуваат и две бурежни транспланатации.

Жан Митрев изразува голема благодарност и на сите останати доктори од кардиохирургија кои зедоа учество, како и другите членови на тимот од Клиничката болница Жан Митрев: д-р Тања Анѓушева, Александра Темелковска и Катерина Ристовска-Јанев. Тој им благодари и на доц. д-р Маја Мојсова Мијовска – националната координаторка за трансплантација како и на министерот Венко Филипче и на Министерството за здравство.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе