Министерство за здравство: Во Клиниката „Жан Митрев“ и сега и понатаму ќе се извршуваат кардиохируршките операции на децата

Министерството за здравство соопшти дека досега никој од тимот од детска кадриохирургија на Клиниката „Жан Митрев", не им најавил дека ќе поднесе оставка, но доколку одредени доктори по сопствена иницијатива сакаат да ја напуштат Клиниката, тоа не значи престанок на спојувањето на експертизите во државно и приватно здравство за унaпредување на квалитетот на здравствената заштита за деца со најтешки срцеви болести.

Во Клиниката „Жан Митрев“, како што се посочува, и сега и понатаму ќе се извршуваат кардиохируршките операции на децата, кои се на товар на Фондот со експертиза од наши доктори и доктори од Република Србија.

Конкретно, сите пациенти кои имаат потреба и понатаму ќе ја добиваат неопходната и квалитетна здравствена заштита во оваа Клиника, затоа што има експерти и доктори од Република Србија, кои во директна соработка со македонските доктори работат на овозможување соодветен здравствен третман на сите пациенти, вклучително и на децата до една година. Кардиохируршките операции кои се извршуваат во приватната болница ќе продолжат да се извршуваат на товар на Фондот, како и досега. Болницата има склучено годишен договор за операции на деца до една година и овој концепт нема да се наруши, стои во соопштението.

Од Министерството истакнуваат дека од аспект на професијата, природно е да има промени во работниот ангажман на доктори и медицински персонал, но ваквите флуктуации на работни места никако нема да влијаат на концептот кој е уреден со договорот, со што нема да бидат загрозени пациентите кои имаат потреба од ваков вид здравствена услуга.

Во случај да има некакви промени во врска со предметниот договор, очекуваме Клиниката „Жан Митрев“ формално да се обрати до Министерството за здравство. Во врска со ова прашање, Министерството за здравство стои на располагање на јавноста и отворено е за какво било дополнително појаснување или одговор, се наведува во соопштението.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе