Министерство за здравство: Момчето со изгореници од струен удар ќе биде пренесено на лекување во странство

Министерството за здравство соопшти дека со Фондот за здравствено осигурување и сите засегнати институции се на располагање и дека во моментов се подготвува медицинска документација и се организира превоз за момчето кое вчера во близина на железничката станица Трубарево се здоби со изгореници од струен удар, во најбрзо време да биде пренесено на лекување во странство.

„Нашите лекари максимално се грижат за момчето да ја добие неопходната здравствена заштита. Со дополнителни информации ќе излеземе за краток временски период. Замолуваме да не се шират дезинформации“, посочуваат од Министерството.

Повреденото лице движејќи се по пруга се качило на шинско возило за одржување на контактната мрежа (дрезина) која била оставена на електрифициран колосек и по доближувањето во опасна зона на контактнта мрежа се здобило со изгореници од струен удар.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе