Кај оваа пациентка вчера беше извршен тест на коронавирусот кој даде позитивни резултати, а таа денеска почина. Таа имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.
Според информациите од Министерствиото за здравство, по извршената епидемилошка анкета, семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар (13 март) биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори. Откако се дознало дека докторот бил позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација.
На 24 март, откако се јавиле првите симптоми кај починатата, преку матичниот лекар било закажано тестирање на коронавирус. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале вчера.
Откако нагло се влошила состојбата на 66-годишната жена, матичниот лекар веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите, пациентката не е примена во болница.
Во Македонија како последица од инфекција од коронавирусот починале 4 лица. Денеска нројката на новозаразени е 22.