„Нема да дозволиме нашите граѓани да користат сомнителен инсулин. Уништениот инсулин од паралелен увоз е вреден 330 илјади евра, а не еден ипол милион евра како што говорат во нивната прес-конференција.Еден од најголемите проблеми во здравството во владеењето на претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше набавката на лекови со паралелен увоз и сомнителен квалитет", се вели во реакцијата.
Според нив, Владата направи суштински реформи во здравствениот систем. Со донесените измени и дополнувања на Законот за лекови и медицински средства, сега сите пациенти со дијабетес имаат оригинални инсулини со сертификат за квалитет.
„Пациентите користат квалитетни и оригинални инсулини. Не е како порано пациентите да не знаат каков инсулин примаат.Прашајте ги пациентите дали беа задоволни од инсулините од паралелен увоз со сомнителен квалитет и потекло. И прашајте ги сега, колку се задоволни од новите инсулини кои се оригирални.Воведовме три нови типови на инсулини, кои се најнова генерација на лекови.
Со укинувањето на паралелниот увоз на лекови го загарантиравме квалитетот на инсулин и пациентите со дијабетес имаат најквалитетна терапија и во континуитет се снабдени со инсулин во соодветни рокови и со подобар квалитет.Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да престане да креира лажни вести и преку манипулации да собира дневно политички поени", се додава во реакцијата.