Министерство за здравство: Реконструирани 32 здравствени установи

Министерството за здравство во изминатите три години интензивно работеше на подобрување на условите во јавно здравствените установи, со цел поквалитетна здравствена услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници. Реализирани се капитални инвестиции во реконструкции и инфраструктура во 32 здравствени установи ширум земјата.

 

Со планот, како што соопштија од Министерството, беа опфатени: Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Клиниката за дигестивна хирургија, за хематологија, за пластична и реконструктивна хирургија, за неврохирургија, за ендокринологија, за психијатрија, за торакална и васкуларна хирургија, за очни болести, гинеколошко акушерската клиника, Заводот за слух, говор и глас, за детски болести, Институтот за трансфузиона медицина, Специјализираната болница за белодробни заболувања и ТБЦ-Лешок, Поликлиниката Железара, како и болничкиот оддел на Клиниката за гастроентерохепатологија.

 Реновирани се двете гинеколошки операциски сали во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. Во Здравствениот дом во Велес, Битола и Македонски Брод целосно се обновени службите за Итна медицинска помош.

Во 2019 година, отворен е новиот Ургентен центар во Куманово, новиот Кардиоваскуларен центар во Градската општа болница „8 Септември“, нов Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушувања од аутистичниот спектар во Охрид, како  и новото одделение за акутни состојби во Психијатриската болница-Негорци. Изграден е и нов машки павилјон во Психијатриската болница во Демир Хисар.

 Во три јавно-здравствени установи, во Општата болница во Куманово, Клиниката за гинекологија и акушерство и во Клиничката болница Тетово се отворија три центри за упатување на жртви од сексуално насилство, како и шест Роса школи за родителство во Скопје, Гостивар, Битола, Струмица, Куманово и Охрид.

Во поликлиниките „Чаир“ и „Ѓорче Петров“, вакциналните пунктови се комплетно реновирани. Завршена е првата фаза од реконструкцијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и изградено е ново крило во Општата болница во Струмица. Во 2019 година се отвори „Родителска куќа“, наменета за родители чии деца се на подолг престој во болница, а не живеат во Скопје.

Здравството е еден од клучите столбови во државата. Корона кризата само го потврди тоа. Инвестициите во сите сегменти во здравството се највиоск приоритет за градење на одржлив и квалитетен здравствен систем за граѓаните, стои во соопштението од Министерството за здравство.

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе