Министерство за здравство: Поголема достапност на лековите за онколошки заболувања

Поголема достапност на 30-тина лекови за онколошките заболувања и континуираност на терапијата за пациентите со овие заболувања е резултат од новиот метод на набавка на лекови, што го договорија Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување. Отсега пациентите кои беа праќани во странство за скапи терапии, ќе се лекуваат дома и со најсовремени терапии.

„Со централизирање на набавките и со обединувањето на сите буџети, редовните на клиниките и условните буџети и со договарање на повеќегодишна набавка, успеваме да постигнеме многу. Пред сѐ и најважно обезбедивме 30 нови лекови, кои воопшто не беа присутни во нашата земја, зголемен број пациенти со онколошки заболувања, кои ќе ги земаат тие лекови, обезбедуваме континуираност на нивната терапија и заштедуваме многу средства од Фондот. На овој начин, набавуваме и врвна биолошка терапија, која досега не беше достапна во нашата земја и терапија, што е исклучително скапа. Покрај оваа современа терапија тешко болните пациенти нема веќе да чекаат за толку потребната терапија. Овој начин на планирање на повеќегодишна набавка донесе голема заштеда, која се мери во милионски суми евра, а ние тоа како пресметка за кратко време ќе го презентираме во јавност“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Покрај тоа, на вчерашната владина седница се усвои и информацијата со иницијатива за соединување–централизирање на дејноста онкологија и радиотерапија, во рамки на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје со основање подрачни одделенија во Градската општа болница „8-ми Септември“–Скопје, Клиничка болница Штип и Клиничка болница Битола, како и низ останатите градови во државата.

Со последните заложби на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување се посвети големо внимание на пациентите со најтешките, онколошки заболувања. Ваквиот начин на реализирање на набавките, како и надградувањето на капацитетите на јавните здравствени институции, пациентите и граѓаните ќе го препознаат како зголемување на капацитетите и квалитетот на здравствени услуги, соопшти Министерството за здравство.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе