Пандемија ковид-19

Министерство за здравство: Новозаразени од коронавирусот имаме 20 лица, 3 починати и 24 оздравени

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти, а регистрирани се 20 нови случаи со ковид-19. Три лица се починати како последица од коронавирусот.

Во Скопје оздравени се 12 пациенти, Прилеп 7, Тетово 3 и Кавадарци и Пехчево по 1.

Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а новите 20 случаи се регистрирани во Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1. Досега се направени вкупно 19.739 тестирања на ковид-19.

Починати се 3 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на 7 мај. Во болницата во Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон Инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.694, бројката на оздравени пациенти е 1.229, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 370.

Последната дистрибуција по градови е: Скопје – 579, активни 129, Куманово – 410, активни 46, Дебар – 51, активни 0, Штип-35, активни 2, Прилеп –184, активни 56, Тетово – 121, активни 58, Струга – 67, активни 4, Велес – 109, активни 50, Битола –23, активни 4, Охрид –15, активни 0, Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –19, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка- 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 5, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод - 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 1, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 1, Виница – 2, активни 0, Кратово-2, активни 2 I Берово-1, активни 1.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 4 пациенти, а вкупно хоспитализирани 38. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе