Реакција

Министерство за здравство: Изјавите на ВМРО-ДПМНЕ за Геријатрија се целосни невистини

Министерството за здравство реагира на изјавата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со контролата и реакцијата на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“-Скопје по појавата на позитивни случаи на ковид-19, и вели дека се изнесени невистини.  

„Заради правилно информирање на јавноста Министерството за здравство потенцира дека од самиот почеток на епидемијата на ковид-19, посебно внимание се посветува на сите геријатриски установи, се подготвија посебни протоколи по кои функционираат овие установи, како и посебни протоколи за постапување во случај ако се појави ковид-19. Со оглед на тоа што заштитата на овие установи е еден од критериумите за оцена на успешноста на здравствениот систем во борбата против коронавирусот, и од страна на претставници на СЗО, Република Северна Македонија беше пофалена дека навремено се преземени мерки во овие установи за да се спречи ширењето на вирусот меѓу штитениците. Државниот санитарен и здравствен инспекторат од почетокот на пандемијата со ковид-19 има извршено повеќе вонредни контроли и надзори за состојбата и почитување на протоколите во сите 29 приватни и 5 јавни геријатриски установи во однос на количините на лична заштитна опрема, употребата на ЛЗО од страна на вработените, средства за дезинфекција, изврши и вонредна дезинфекција на овие установи.

Дополнително, за да се заштити оваа ранлива група на пациенти беше спроведен и скрининг на вработените и пациентите/корисници на здравствени услуги во сите јавни и приватни геронтолошки установи“, соопшти Министерството за здравство.

По појавата на позитивни случаи во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина  „13 Ноември“-Скопје, од страна на установата преземени се сите потребни чекори: по добиената информација за позитивни тестови на неколку вработени и пациенти, веднаш е постапено согласно со протоколите за изолирање на болните од останатите пациенти и спроведување на епидемиолошка анкета на вработени за спречување на ширење на инфекцијата и мерки за дезинфекција. Веднаш е спроведен скрининг на вработените од одделението и детектирани се 3 вработени позитивни на ковид-19 кои веднаш се исклучени од работниот процес и пријавен е случајот во Центарот за јавно здравје-Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Од овој кластер, до сега се детектирани 17 позитивни пациенти, од кои 2 пациенти кои се со потешка клиничка слика и транспортирани се на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, додека 3 се асимптоматски и префрлени се за лекување во новиот ковид-19 центар во рамки на болницата Козле. Останатите позитивни пациенти од ова одделение остануваат на лекување во установата. Целокупниот стручен колегиум и медицински персонал е од установата и е интензивно вклучен во спроведување на протоколите и засилен мониторинг за да се спречи евентуално ширење на инфекцијата.

Од Министерството додаваат дека Државниот санитарен и здравствен бил информиран веднаш за појавата на ковид-19 во одделение на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“-Скопје и извршен е вонреден инспекциски надзор, наодите се обработуваат и за наодите од вонредната инспекција јавноста ќе биде дополнително информирана.  

Министерството за здравство, велат оттаму, останува посветено на заштитата на најранливите групи на граѓани кај кои има најголем ризик доколку се инфицираат со ковид-19 и уште еднаш апелира до сите граѓани доследно и во целост да ги почитуваат мерките за заштита за да се заштитат себе си и своите најблиски.

 

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе