Реакција

Министерство за здравство: Испочитувавме сѐ што од нас побараа кинеските власти

За случајот со набавката на вакцината Синофарм, по добиените дозволи од кинеското Министерство за здравство, од Министерството за надворешни работи на Народна Република Кина ни укажаа дека треба да се следи друг канал за набавка и тоа го испочитувавме и го напарвивме. Интензивните комуникации продолжија и деновиве ги чекаме и конкретните датуми кога вакцината на Синофарм ќе стигне во нашата земја, се вели во одговорот од Министерството за здравство на прашањата на МКД.мк во врска со тврдењата на италијанскиот весник „Ла верита“ дека македонските власти се обиделе набавката на кинеските вакцини да оди преку фантом фирма од Хонг Конг.

„Министерството за здравство набавката на вакцини против ковид-19 ја врши на законски начин, почитувајќи ги начелата во договорите за набавка на вакцините на самите производители. Постапката за набавка на вакцини од призводителот Синофарм не е прекината и 200.000 дози се обезбедени и ќе ги добиеме.

Владата и Министерството за здравство од самиот почеток ги користат сите механизми и секојдневно се во постојана комуникација со цел набавка на вакцини против ковид-19. Комуникациите одат по сите достапни канали и користејќи ги сите можности се обидуваме да набавиме вакцини. Преговори водиме со десетина компании кои се понудија да обезбедат вакцини и тоа од повеќе земји како САД, Австрија и Британија“, се вели во одговорот на Министерство за здравство.

Прашањата на МКД.мк се однесуваа на тоа за преку која приватна компанија македонските власти (информација што ја потврди и премиерот Зоран Заев) се обидоа да ги набават кинеските вакцини и по која цена се набавуваат вакцините од Фајзер, Спутник V и Синофарм.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе