Министерство за здравство: Досега се вакцинирани 130.878 граѓани, а а 22.900 примиле втора доза

На платформата vakcinacija.mk досега за вакцинација се пријавиле вкупно 279.909 граѓани. Интересот, како што соопшти Министерството за здравство, секојдневно се зголемува, а вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.845 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.857 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 130.878 дози вакцини, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Со последните бројки околу 30% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина“, пишува во соопштението на Министерството.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, како и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство исто така апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

 

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе