Минатата година докторирале 204 лица

Во 2019 година 204 лица стекнале звање доктор на науки, што е намалување за 16 отсто во споредба со 2018 година, соопшти денеска  Државниот завод за статистика.

Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки (43.1 отсто), на медицинските науки докторирале 22.5 отсто, потоа следуваат техничко-технолошките науки (14.2 отсто), а останатите лица докторирале во областа на хуманистичките науки, природно-математичките науки и биотехничките науки.

Докторска дисертација во 2019 година одбраниле 122 жени, што претставува 59.8 проценти од вкупниот број лица што докторирале.

Од вкупниот број, најмногу (24 отсто), својата професија ја извршуваат во образовната дејност.

Звање магистер или специјалист лани стекнале 1916 лица, од кои 1736 или 90.6 отсто се магистри и 180 или 9.4 отсто се специјалисти. Во споредба со 2018 годинa, бројот на магистри и специјалисти е зголемен за 1.6 отсто.

Учеството на жените магистри во вкупниот број е 60.1 проценти.

Според податоците на ДЗС, најголем број од магистерските трудови (1081 или 62 отсто)  во 2019-та се од областа на општествените науки, 23 проценти се од  техничко-технолошките науки, а останатите се од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и медицинските науки.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе