Милошоски: Министерството го повлече предлогот на законот за учебници. МОН: Законот оди само на доработка

Министерството за образование и наука не се откажува од носењето на целосно нов закон за учебници со кој се воведуваат современи материјали за учење и се нуди можност за дигитализација. Претходно, пратеникот Антонијо Милошоски објави дека денеска МОН го повлече законот од собраниска процедура.

„Ги повикуваме граѓаните и родителите да не подлегнуваат на грубите лаги и политички манипулации пласирани во јавност од страна на пратеници од опозицијата. Законот е вратен само за да се дополни, по што веднаш ќе биде доставен до Собрание“, реагира МОН и додава дека дополнувањето ќе се однесува во делот на усогласување на националното со европското законодавство.

Пратеникот Милошоски денеска на својот фејсбук-профил објави дека „по силните реакции од јавноста, од собраниска процедура вчера е повлечен предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование“.

Ако не беше повлечен предлог законот ќе следуваше свикување на Комисија за образование и почнување на расправа по истиот предлог закон, за потоа истиот да стигне до пленарна седница за да се усвои или да не се усвои, појаснува Милошоски и додава дека Владата сепак има право одново да го испрати овој закон во собраниска процедура.

По најавата од МОН дека ќе се воведуваат дигитални учебници, бројни беа реакциите на наставници, здруженија, политички партии, невладини организации... против дигитализацијата на учебниците, објаснувајќи дека многу училишта сѐ уште ги немаат ниту основните средства за настава.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе