Од вчера

Мерката за вакцинална потврда нагло го зголеми интересот за вакцинација

Откако беа донесени новите рестриктивни мерки поради ширењето на коронавирусот, од кои едната вели дека без барем една примена доза на вакцина нема да може да се влегува во голем број објекти и институции и да се присуствува на настани, вчера можеше да се видат редици пред вакциналните пунктови. Дел од граѓаните реагираа дека вакцинацијата не е добро организирана и дека се чека долго. Министерството за здравство во денешното соопштение наведува дека од вчера е значително зголемен интересот за вакцинација во земјава и дека биле аплицирани над 17 илјади вакцини.

Министерството, како и во секое редовно дневно соопштение, истакнува дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека во тек е и теренска вакцинација.

„На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 543.597 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.030 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.679 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 982.645 дози вакцини, а ревакцинирани се 439.048 граѓани“, се вели во соопштението.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, додека теренска вакцинација се одвива на територијата на целата држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Министерството потсетува и дека сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

„Со последните бројки 66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 63% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 59% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 48% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, се вели во анализата на Министерството за здравство.

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе